Македонија Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

На последната седница на Советот на Град Скопје, советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, побарал од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, да се обрати до Владата за доделување субвенции – дотации, за преземање мерки и активности од страна на Градот за поголема заштита на животна средина, а особено за справување со сè поголемото загадување на воздухот.

„Според Европската агенција за животна средина, како и според бројни други меѓународни органзации, Скопје е најзагаден главен град во Европа. Загадувањето на воздухот е најголем еколошки проблем на Скопје и серизоно го нарушува здравјето на граѓаните. За преземање поинтезивни мерки за справување со загадувањето на воздухот, а особено со честичките ПМ2,5 и ПМ10, неопходни се дополнителни средства кои Владата треба да ги додели на Градот. Справувањето со загадувањето би требало да биде многу поважен приоритет отколку што се дотациите од Владата на Градот Скопје за панорамско тркало за „Скопје 2014“ и за други непродуктивни проекти“, соопштуваат од ЛДП.

Оттаму додаваат дека со овие дотации, Градот би можел да организира бесплатен автобуски јавен превоз во Скопје во деновите кога загадување на воздухот е поголемо од максимално дозволените вредности.