Свет Балкан Северозападна Бугарија блокирана од снег

Северозападна Бугарија блокирана од снег

Северозападниот дел од Бугарија е парализиран од снежни врнежи и од наноси до три метри снег.

Владата поради тоа ги предупреди возачите без поголеми потреби да не патуваат на подрачјето на окрузите Видин, Монтана, Враца, Плевен и Ловеч.

Од патот Монтана-Лом се извлечени 200 возила, кои со часови беа во снежна блокада.