Свет Европа Северна Кореја поседува 20 боеви глави

Северна Кореја поседува 20 боеви глави

Кинеските нуклеарни експерти веруваат дека Северна Кореја веќе има арсенал од 20 боеви глави и капацитет за збогатување ураниум и за двојно да го зголеми тој број до крајот на следната година, пишува „Вол стрит журнал“.

Кинеската процена ја одразува сè поголемата загриженоста на Пекинг поради нуклеарната амбиција на Пјонгјанг и е последна во серијата експертски процени кои сугерираат дека развојот на севернокорјескиот нуклеарен арсенал се одвива побргу отколку што се мислело.

Во наведениот извештај, американските истражувачи предупредуваат дека Северна Кореја се подготвува да го прошири нуклеарниот арсенал во следните пет години и оти во најлош случај Пјонгјанг би можел да поседува 100 парчиња атомско оружје до 2020 година.