Свет Сенегал се вклучува во коалицијата против бунтовниците во Јемен

Сенегал се вклучува во коалицијата против бунтовниците во Јемен

Сенегал со 2.100 војници ќе се вклучи во меѓународната коалиција против шиитските бунтовници во Јемен, предводена од Саудиска Арабија.

Вклучувањето на Сенегал следува по барањето на саудискиот крал Салман.

Шефот на сенегалската дипломатија, Макеур Ндијае, соопшти дека се приклучуваат кон коалицијата бидејќи јеменските бунтовници претставуваат закана не само за регионалната стабилност, туку и за исламот.