Свет Европа Седум загинати во новите судири во Украина

Седум загинати во новите судири во Украина

Најмалку седум украински војници загинаа во новите судири кои во последните 24 часа избија на истокот на Украина, соопшти украинската војска.

– Како резултат на гранатирања, Украина изгуби седум војници, а 24 се ранети – соопшти портпаролот на украинската војска, Владислав Селезњов.

Министерството за одбрана на самопрогласената република Донецка денеска обвини дека украинските безбедносни сили ги користат жителите на Авдејевка како жив штит.