Свет Седум војници загинаа во пукање во касарна во Тунис

Седум војници загинаа во пукање во касарна во Тунис

Во воена база во главниот град на Тунис, еден војник отворил оган на своите колеги при што убил седум војници, а потоа се самоубил, соопшти портпаролот на туниската армија.

Во пукањето повредени се уште 10 луѓе.

Засега не е познато што го навело војникот да пука.

Заради пукањето во базата Бушиш, евакуирано е едно училиште кое се наоѓало во близина.

Воените сили на Тунис се на готовс од 18 март кога вооружени исламисти го нападнаа музејот Бардо во главниот град Тунис, при што убија 21 лице, поголемиот дел од нив странски туристи.

Откако во 2011 година беше соборена од власт секуларната диктатура во Тунис, земјата се соочува со проблеми предизвикани од милитантни групи кои се поврзани со Исламска држава и со Ал каеда.