Македонија Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за одбрана и безбедност, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на Комисијата за одбрана и безбедност е предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за предлог-законот за дополнување на Законот за техничка инспекција и за измените и за дополнувањата на Законот за државен пазарен инспекторат, двата во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се измените и дополнувањата на Законот за лична карта и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како и предлог-законот за дополнување на Законот за техничка инспекција, сите во второ читање.