Македонија Седници на пет комисии во Собранието

Седници на пет комисии во Собранието

Во Собранието на Република Македонија, за денеска се закажани седници на пет собраниски комисии. На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е предлог-законот за изменување на Законот за полиција, а Комисијата за политички систем ќе го разгледува предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за обезбедување на побарувањата.

За неколку предлог-закони ќе расправа и Комисијата за транспорт, врски и екологија. Пред Комисија за труд и социјална политика се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законите за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци и за спречување и заштита од дискриминација, а за повеќе точки треба да расправа и Законодавно-правната комисија.