Македонија Седницата на Комисијата за политички систем одложена четврти пат

Седницата на Комисијата за политички систем одложена четврти пат

Пратениците од опозицијата не присуствуваа на седница на Комисијата за политички систем, на која требаше да се разгледува извештајот на специјалната јавна обивнителка, Катица Јанева, и денеска таа четврти пат беше одложена.

Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, повторно кажа дека Јанева не го почитува Уставот и праша како специјалната обвинителка е легитимна ако доставува извештај до, според неа, нелегитимното Собрание и е избрана од нелегитимниот Совет на обвинители.

Пратениците од опозицијата претходно на прес-конференција најавија дека немаат намера да присуствуваат на седницата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција ја обвини Јанева дека го урива суверенитетот на државата и побараа од неа јавно да се извини за изјавата, во која таа го оспори легитимитетот на претседателот на државата, уставните судии и на пратениците во Собранието.