Македонија Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и на Министерството за одбрана.

На дневен ред на седниците на двете комисии е резиме на одржаните експертско-комисиски расправи со презентација и со препораки на Центарот за безбедност, развој и правда (ДЦАФ).