Економија Се зголемува бројот на работници во индустријата

Се зголемува бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата лани бил поголем за 1,8 отсто во однос на 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи намалување од 0,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 2 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е на исто ниво.