Свет Балкан Се запалил мотор на авион на „Ер Србија“

Се запалил мотор на авион на „Ер Србија“

Авион на авиокомпанијата „Ер Србија“, кој летал за Бања Лука, утрово бил итно приземјен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако се запалил еден од моторите, соопштиле денеска од српското министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, пренесуваат медиумите.

Како што изјавила ресорната министерка, Зорана Михајловиќ, на денешната прес-конференција, во инцидентот немало повредени патници и во тек е истрагата за причините за дефектот.

Зоран Илиќ, помошник на министерот за воздушен сообраќај, рекол дека екипажот на авионот во случајот постапил одговорно и додал дека вакви инциденти обично се случуваат кога леталото ќе се дозира со поголемо количество гориво и дел од него нема да согори во цевката, што може да предизвика пламен во моторот.