Хроника Се утврдува идентитетот на телото најдено во опожарена куќа во Песочан

Се утврдува идентитетот на телото најдено во опожарена куќа во Песочан

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид го завршил увидот во куќата во селото Песочан, Општина Дебарца, што била опожарена вчеравечер, по што било најдено мртво тело на маж со неутврден идентитет.

На увидот присуствувало и вешто лице од областа на електротехниката, кој ќе треба да изврши вештачење на околностите за настанатиот пожар.

Идентитетот на починaтиот ќе се утврдува преку анализа на ДНК, како и преку обдукција.

Според првичните сознанија станува збор за 82-годишен жител на селото Песочан, општина Дебарца, кој живеел сам во станбениот објект.​