Хроника Сè уште непознати причините за смртта на младиот кумановец

Сè уште непознати причините за смртта на младиот кумановец

Јавното обвинителство наредило обдукција на телото на 22-годишниот кумановец Мартин М., чие безживотно тело вчера беше пронајдено во речното корито на Кумановска Река, кај местото Бавчи.

Според полицијата, Мартин М. во саботата, минатата недела, бил пријавен за исчезнат во СВР Куманово.

По наредба на Јавното обивнителство, на телото на починатиот ќе се врши обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.