Здравје Сè уште не се знае од што починало девојчето на Инфективна клиника

Сè уште не се знае од што починало девојчето на Инфективна клиника

Лекарите не знаат од што починало 12-годишното девојче што вчера било донесено на Клиниката за инфективни болести, објави „Нова ТВ“.

Девојчето било примено во тешка здравствена состојба, со пролив, повраќање и со намалена телесна температура. Според изјавата на директорот на клиниката, Звонко Миленковиќ, лекарите четири часа безуспешно се обидувале да го спасат девојчето.

Семејството не дозволило да биде извршена обдукција на телото, па затоа ќе се анализира само крвта што била земена пред да почине девојчето. Во некои од медиумите се појави  информација дека девојчето починало од свински грип, но на клиниката оваа информација ја демантираат.