Технологија Се урна шатлот на „Вирџин“, еден пилот загина

Се урна шатлот на „Вирџин“, еден пилот загина

СпејсШипДва на Вирџин Галактик

Најновиот авион-ракета на компанијата „Вирџин галактик“, наречен „Спејсшип ту“ (SpaceShip Two) се урна во пустината Мохаве во Калифорнија.

Притоа едниот од пилотите загинал, а другиот е тешко повреден. Тие по полетувањето пријавиле „неправилности“ во работата на леталото, кое е дел од комбинацијата авион – шатл. Наводно, авионот кој го носел шатлот се приземјил без проблеми.

Летот бил дел од тестот на многу гласно најавуваниот проект на Ричард Брансон, сопственикот на „Вирџин“, за туристички патувања во орбитата на Земја.