Свет Се укинува полицискиот час во Багдад

Се укинува полицискиот час во Багдад

Ирачката влада го укинува полицискиот час, кој по инвазијата во 2003 година, го наметнаа сојузниците предводени од САД.

Премиерот Хаидер ал-Абади најави дека забраната за движење навечер ќе престане на полноќ в сабота спрема недела. Паралелно, ќе се укинат и другите мерки што го спречуваа нормалниот живот во главниот град.

Ал-Абади прогласи четири кварта за „демилитаризирана зона“ во која ќе биде забрането носење оружје, освен со овластувања кои се вообичаени за другите делови на градот. Премиерот вети дека ќе бидат отстранети барикадите, противтенковските „ежови“ и други остатоци од војната.

Имаше обиди да се спроведат слични мерки и претходно, но само предизвикуваа бран бомбашки напади и насилства.