Македонија Се расчистува одронот на Средно Водно

Се расчистува одронот на Средно Водно

По обилните врнежи од дожд што вчера ја зафатија Република Македонија, предизвикан е одрон на патот за Средно Водно, во близина на паркиралиштето на Средно Водно.

На оваа локација испратени се екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ за расчистување на одронот.

Екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје се на терен и ја проверуваат можноста за појава на нови одрони на патот кон Средно Водно, како и на патот од Средно Водно до црквата „Свети Пантелејмон“.

Градот Скопје апелира сите лица кои се движат по овие патишта (возила, пешаци, велосипедисти) да бидат внимателни и да се придржуваат на условите на патот.