Македонија Се простуваат долгови во УЈП за време на избори

Се простуваат долгови во УЈП за време на избори

Заев во продолжението од денешната прес-конференција, објави разговори кои, според него, ја претставуваат манипулацијата со превозниците за време на изборниот ден.

На првата од овие аудиоснимки се слуша како Јанакиески зборува за поддршка од превозниците на патници и на стока. Соговорникот му вели дека ќе ги собере превозниците и ќе направи состанок за да обезбеди поддршка.

Во другиот разговор што го објави Заев, директорот на УЈП, Горан Трајковски, со соговорникот зборува за простување долг и договараат дали да одат во контрола во некоја пицерија. Соговорникот му одговара дека прво треба да се чуе со претпоставениот за да „не направат некоја белја“.

Во последната снимка од овој блок што денеска го објави Заев, Јанакиески бара од соговорничката во разговорот да се ангажира околу поддршката за време на изборите.