Економија Се продава познатиот економски весник „Фајненшал тајмс“

Се продава познатиот економски весник „Фајненшал тајмс“

Британската издавачка куќа „Пирсон“ потврди дека преговорите за продажбата на нејзиниот познат бренд, економскиот дневен весник „Фајненшал тајмс“, се во поодмината фаза. Името на купувачот не е наведен.

Како што јавува агенцијата „Блумберг“, „Фајненшал тајмс“ би можел да го привлече вниманието на медиумските компании, како што се „Аксел Спрингер СЕ“, но и други инвеститори од Европа, Блискиот Исток и од Азија.

За време на продажбата, вредноста може да достигне 1,6 милијарда долари.