Хроника Се преврте автобус со бугарски туристи, петмина тешко повредени

Се преврте автобус со бугарски туристи, петмина тешко повредени

Пет лица се потешко повредени, а 21 лице се со полесни повреди откако синоќа, околу 22 часот, се превртел бугарски автобус на магистралниот пат Крива Паланка – Ранковце.

Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа, која се случила во близина на село Опила.

Сите повредени патници се надвор од животна опасност и се пренесени во болницата во Крива Паланка. Во автобусот имало вкупно 43 патници.