Подглавна секција Се претпоставува дека се мртви шестмината кои исчезнаа откако се урна мостот...

Се претпоставува дека се мртви шестмината кои исчезнаа откако се урна мостот во Балтимор

Дел од мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна откако вчера, товарен брод удри во него

RCraig09, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Државната полиција на Мериленд соопшти дека шесте лица кои беа исчезнати по уривањето на мостот Френсис Скот Ки во вторникот во Балтимор, Мериленд, сега се претпоставува дека се мртви, пренесува „Гардијан“.

Властите соопштија дека по несреќата, две лица биле спасени од водите на реката Патапско. Џефри Прицкер, високиот извршен директор во „Браунер Билдерс“, фирма-работодавач, рече дека за шестмина се претпоставува дека се мртви, со оглед на длабочината на водата и со оглед на тоа дека помина многу време од несреќата.

Прицкер рече дека екипажот работел на средината на мостот кога тој се распаднал. Не се пронајдени тела.

Претставниците на полицијата во Мериленд рекоа дека утре ќе продолжат со акцијата заедно со тим нуркачи.

Дел од мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна откако вчера, товарен брод удри во него. Повеќе автомобили завршија во реката Патапско.
Бродот Дали, под знаме на Сингапур, удрил во мостот, по што се запалил, пред да потоне. Во видео споделувано на социјалната мрежа „Х“ се гледа како голем дел од мостот долг 2,6 километри паѓа во водата.