Забава Се ожени Марк Ентони

Се ожени Марк Ентони

Марк Ентони и Шенон де Лима

Латино-пејачот Марк Ентони (45) се ожени со венецуелската убавица Шенон де Лима (26). Венчавката се одржа во Доминиканската Република. Прославата била одржана во луксузната вила на пејачот. Се чини дека Ентони е магнет за светските убавици, со оглед на тоа што ова му е трет брак, а на изборот за сопруги многумина би му позавиделе.

Марк веќе беше во брак со пејачката Џенифер Лопез и со убавицата Дајанара Торес. Марк и Шенон се во врска од 2012 година, а на почетокот од март годинава се свршија.