Петнаесет брачни двојки стапија во црковен брак на церемонијата на групно венчавање во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.
Меѓу брачните двојки имаше и помлади и повозрасни, кои од различни причини досега не биле во можност да го кажат судбоносното „да“ пред бога.
Групното венчавање го изведе митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф, во сослужение на повеќе свештенослужители од тетовското архирејско намесништво.
Минатата година во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово беше одржана и групна крштевка за возрасни верници.