Македонија Се отстрануваат старите табли на автопатот со името „Александар Велики“

Се отстрануваат старите табли на автопатот со името „Александар Велики“

Јавното претпријатие „Македонија пат“ почна да ги отстранува сообраќајните табли со досегашниот назив на автопатот „Александар Велики“ на Коридорот 10, кои според одлука на Владата треба да бидат заменети со нови што ќе го содржат името „Пријателство“.

Од Јавното претпријатие за државни патишта,пак, информираат дека веќе ги нарачале 19-те сообраќајни табли со новото име. Набавката на новите табли ќе ги чини 4,94 милиони денари (80.120 евра).