Главна секција Се одложува теренската проверка на избирачкиот список

Се одложува теренската проверка на избирачкиот список

На денешниот состанок на Државната изборна комисија, членовите на комисијата одлучиле да спроведат дополнителни тестови за вкрстување на податоците, информираат од ДИК.

„Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките“, пишува во соопштението на ДИК.

Од комисијата додаваат дека веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна комисија ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.

По усвојувањето на анализата, ДИК ќе треба да почне со теренска проверка на спорните гласачи.