Економија Се одложува изградбата на Турски тек

Се одложува изградбата на Турски тек

Изградбата на гасоводниот систем Турски тек е одложена поради тоа што руски „Газпром“ и турската државна компанија „Ботас“ не можат меѓу себе да се договорат за тоа како ќе ја применат формулата за попустот на цената на гасот што ќе го добијат Турците.

Во моментов трпат и двете страни.

„Газпром“ трпи загуби бидејќи бродовите што требало да ги постават во Црно Море стојат на нивните пристаништа. Турција, од друга страна, сега плаќа за 100 долари поскап гас од просечната европска цена.