Економија Се формираше клуб на менаџери-претприемачи за поддршка на компаниите

Се формираше клуб на менаџери-претприемачи за поддршка на компаниите

Во рамките на Стопанската комора на Македонија, се формираше клуб на менаџери-претприемачи.

Од комората информираат дека со клубот се креира нова алатка што ќе ги поврзе сите добивки на едно место и ќе понуди и нови услуги, за поддршка на малите и на средни компании.

Клубот на компаниите ќе им помогне во пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и во создавање синџири на доставувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери од Европа и сл.