Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престане да се однесува деструктивно

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престане да се однесува деструктивно

Неопходно е ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престане да се однесува деструктивно и да ја дестабилизира државата, велат од СДСМ во писмена реакција на прес-конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ веќе нанесе штета на граѓаните со тоа што ги остави пет месеци без нова влада, а од денеска и без градоначалници и без општински советници. За таа цел денеска е договорено да се направат законски измени со кои ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти. Повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се постави конструктивно, да престане со приземните политики на задоволување лични интереси и конечно да покаже одговорност кон граѓаните и кон државата“, велат од партијата.

Од СДСМ додаваат дека во согласност со Уставот, деловникот на Собранието и со законите ќе биде избрана и новата реформска влада, а дека ќе следуваат и законски измени за локалните избори.