Македонија СДСМ: Трансферот на Котевски ја потврди партизираноста на МВР

СДСМ: Трансферот на Котевски ја потврди партизираноста на МВР

Трансферот на Иво Котевски од помошник на министерот за внатрешни работи на челната позицијата во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди досегашната партизираност на МВР, реагираат од СДСМ.

„Министерството за внатрешни работи во изминатиот период функционираше како партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ или како „МВРО-ВМРО“ по признанието на Гордана Јанкулоска. Причините за бегањето на Котевски од МВР пред доаѓањето на новиот министер за внатрешни работи, јавноста дополнително ќе ги дознае“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од опозицијата велат дека клучно за нормализирање на институциите во Македонија е сите што ги прекршиле законите и биле вмешани во криминал, корупција и во други недозволени активности да понесат одговорност.