Македонија СДСМ со нова „бомба“ и со протестен собир во Прилеп

СДСМ со нова „бомба“ и со протестен собир во Прилеп

СДСМ денеска во Прилеп, во 13 часот, на градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто, ќе одржи протестен собир и прес-конференција на која ќе се обрати претседателот на Општинската организација на СДСМ, Сашо Велески.

На собирот ќе биде објавена 17. „бомба“ на партијата.

По Струмица и Куманово, Прилеп е третиот град каде опозицијата ќе презентира снимки, кои, според СДСМ, покажуваат изборна измама.