Македонија СДСМ: Нерасветлувањето на инцидентите отвора можност за тензии

СДСМ: Нерасветлувањето на инцидентите отвора можност за тензии

СДСМ најостро го осудува инцидентот во липковскиот регион.

Oд партијата посочуваат дека нерасветлувањето на инцидентите од безбедносен карактер за кои информира власта последниов период, отвора можност за различни шпекулации и за тензии.

„Сериозно се сомневаме во капацитетите на институциите кои се партиски испостави на власта. Ги повикувме граѓаните на воздржаност и да не подлегнуваат на какви било режирани сценарија“, се вели во соопштението на СДСМ.