Македонија СДСМ Прилеп: Просториите на комуналните претпријатија, злоупотребени за партиски цели

СДСМ Прилеп: Просториите на комуналните претпријатија, злоупотребени за партиски цели

Наплатните центри на ЈКП „Комуналец“ и на ЈКП „Водовод и канализација“, кои се наоѓаат во центарот на Прилеп, се излепени со повици за протести и тоа од внатрешната страна на прозорците од двата објекти. Тоа значи дека повиците се излепени со дозвола или со знаење на вработените и на директорите Златко Ристески и Сашо Николоски, обвини денеска општинската организација на СДСМ во Прилеп.

„Сите што прават злоупотреби во обид да го спасат криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе понесат одговорност. Ниту една злоупотреба нема да ги спречи демократските процеси и промените во Македонија“, се вели во соопштението.