Македонија СДММ почна да издава герилски весник

СДММ почна да издава герилски весник

„Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) почна проект за дознавање на „Вистината за Македонија“, за криминалите на власта, за нејзината забеганост и алчност. На терен, на пазарче, плоштад, на автобуска станица, за изворно да се слушнат и коментарите на граѓаните, но и да ја презентираме алтернативата, за повеќе да не се повтори ова зло. И покрај медиумскиот мрак и обидот да се релативизира или целосно да се спречи вистината, граѓаните се охрабруваат“, пишува на фејсбук-страницата на СДММ.

– Ние си го нарекуваме герилски весник на четири странички затоа што состојбата со медиумите е катстрофална и мораме да наоѓаме начини како вистината да допре до повеќе луѓе. Занаете како велат, диктатура може да се победи само со партизански потези. Со овие активности почнавме во понеделникот во Неготино и ќе продолжиме сè додека се објавуваат „бомбите“ – вели Стефан Богоевски, претседател на СДММ.

Тој вели дека цел на оваа акција се постарите граѓани и руралните делови, затоа што, според нив, тие имаат многу помали шанси да ја дознаат вистината.Богоев вели дека печатењето, дистрибуцијата и целата работа се прават во тајност поради многуте притисоци што ги имаат.