Македонија СДСМ категорично демантира дека го наговара Камбовски за специјален обвинител

СДСМ категорично демантира дека го наговара Камбовски за специјален обвинител

Во јавноста се појавија шпекулации дека наводно СДСМ разговара со Владо Камбовски, претседателот на МАНУ, како можен нивен предлог на СДСМ за специјален јавен обвинител. Според шпекулациите, Камбовски за тоа веќе разговарал со функционери на опозициската партија во хотел во Охрид.

Од СДСМ категорично ги отфрлаат овие шпекулации и тврдат дека се крајно неточни.

– Сето тоа не е вистина. Се уште не разговараме за имиња, затоа што е несериозно тоа да се прави без да се донесе прво закон кој ќе ја регулира оваа сфера – ни изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Изјава побаравме и од Камбовски, но не успеавме да го добиеме на неговиот мобилен телефон.