Економија СДСМ: Kако ВМРО-ДПМНЕ ја „пополни“ дупката од 3,5 милиони евра за изборите...

СДСМ: Kако ВМРО-ДПМНЕ ја „пополни“ дупката од 3,5 милиони евра за изборите во 2011 година?

Во соопштението на СДСМ испратено до јавноста, опозициската партија прашува како ВМРО-ДПМНЕ ја „пополни“ дупката од 3,5 милиони евра, констатирана во извештајот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011 година.

– На што мислеше ревизорот кога во ревизорскиот извештај за 2013 година за финансирањето на партијата на Груевски, напиша дека „изразено е мислење со резерва за вистинитоста и за објективноста на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ“, како и за усогласеноста на финансиските трансакции на ВМРО-ДПМНЕ со законите? Или, на пример, дали почетоците на криминалната империја на Груевски се парите во кеш што ги примала лично Гордана Јанкулоска, тогашен генерален секретар на партијата? Дали во игра биле црни пари што Груевски и соработиците ги изрекетирале? Која е сумата на злоупотребени пари на граѓаните за партиски цели? Сè ќе излезе на виделина. И жртвите и парите во злоупотребите на Груевски и неговото тесно опкружување – се вели во соопштението на партијата.