Македонија СДСМ: Граѓаните немаат за леб, а ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата

СДСМ: Граѓаните немаат за леб, а ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата

Додека здравствениот ситем во Македонија се распаѓа и згаснуваат млади човечки животи поради криминално-тендерски политики, а животниот стандард е под секое човечко достоинство, ВМРО-ДПМНЕ поставува златни круни на оградата на Владата, обвинува Стефан Богоев, лидерот на Социјалдемократската младина.

„Златните украси и оваа ограда граѓаните ги чинат неверојатни 690.000 евра. За лекувањето на малата Тамара беа потребни дваесет пати помалку од овие пари, односно само 30.000 евра. Додека граѓаните немаат за леб и за основни услови за живот, за лекување, ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата. Тендерите и бизнис-зделките на „фамилијата“ за ВМРО-ДПМНЕ се поважни од здравјето на граѓаните“, посочи Богоев на прес-конференција.

Од партијата велат дека кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, што ќе ѝ ја дадат граѓаните на Македонија, ќе ги запре криминалот и корупцијата и ќе ги врати парите на граѓаните.