Македонија СДСМ: Драконската казна за Љубе Бошкоски е уште една политичка санкција

СДСМ: Драконската казна за Љубе Бошкоски е уште една политичка санкција

Драконската казна за Љубе Бошкоски е уште една политичка санкција, велат од СДСМ за пресудата изречена во случајот „Ровер“ против поранешниот министер за внатрешни работи.

„Кривичниот суд денеска драконски го казни Љубе Бошковски и останатите обвинети, во судски процес за кој постојат сериозни сомнежи околу текот на постапката и за кој Апелацискиот суд ја укина првичната пресуда. Ваквите пресуди се нов доказ за целосно нарушениот кредибилитет на судството во Република Македонија и оставаат простор за сериозен сомнеж дека драконската казна за Љубе Бошковски е уште една политичка санкција“, порачува СДСМ.

Контролата на власта врз судството, констатирана во Извештајот на американскиот Стејт департмент, како и од други меѓународни институции, ја прави Македонија единствена држава во Европа во која има политички затвореници, порачува најголемата опозициска партија.