Македонија СДСМ: Диктатурата завршува со Груевски

СДСМ: Диктатурата завршува со Груевски

СДСМ попладнево реагираше на постот на фејсбук-страницата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порачувајќи дека диктатурата за која зборува Груевски завршила на 11 декември.

„Дојде време Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се помират со реалноста.
Диктатурата за која зборува Никола Груевски заврши на изборите на 11 декември, кога мнозинството граѓани гласаа против неговиот режим, за промени. Новата влада носи живот за сите граѓани во Македонија, правда за сите, независни институции посветени на граѓаните во едно, демократско, европско општество, во кое граѓаните ќе имаат достоинствен и квалитетен живот“, стои во соопштението на СДСМ.