Македонија СДСМ: ДИК да не постапи по барањето на Дирекцијата за заштита на...

СДСМ: ДИК да не постапи по барањето на Дирекцијата за заштита на лични податоци

Дирекцијата за заштита на личните податоци со која раководи Горан Трајковски, поранешниот директор на УЈП, забранува да се објавуваат податоци на Избирачки список со што најдиректно го крши Изборниот законик и Договорот од Пржино, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Институцијата која го преспа целиот криминал со неовластеното прислушување на телефонските разговори на граѓаните од страна на бандата на Груевски, Мијалков Ставрески, одеднаш се разбуди од кома. Кратко кажано, Горан Трајковски по панична нарачка на бандата на Никола Груевски, Мијалков, и Ставрески, се обидува да го скрие криминалот со избирачкиот список. Со ова решение на Дирекцијата, граѓаните повеќе ќе немаат увид во избирачкиот список и нема да можат да пријавуваат неправилности. Со ова решение се потврдува дека најголемиот страв на Никола Груевски се фер и демократски избори – вели Манчевски.

Од СДСМ ја повикуваат ДИК да не постапува по ова барање, да застане во одбрана на Изборниот законик и да работи согласно законите.