Македонија СДСМ денеска поднесе три кривични пријави

СДСМ денеска поднесе три кривични пријави

СДСМ денеска поднесе три кривични пријави против Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, како и против градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Кривичните пријави се поднесени за различни кривични дела што произлегуваат од содржината на досега објавените разговори.

Настаните што се опфатени со кривичните пријави се: прекршување на правила и прописи при апсењето на Љубе Бошкоски, незаконско рушење на објектот „Космос“ и договарање бркање од работа на политички неистомисленици по парламентарните избори во 2011 година.