Македонија СДСМ бара одговорност од Трајановски за заклучените врати во училиштата

СДСМ бара одговорност од Трајановски за заклучените врати во училиштата

Денеска на седницата за советнички прашања ќе бараме одговор и одговорност за заклучените врати во средните училишта во Скопје за време на протестите, изјави Дамјан Манчевски, координатор на советничката група од коалицијата „Сојуз на иднината“ на прес-конференција.

– Средношколците се директно засегнати од екстерното тестирање што власта го внесува и на факултетите. Средношколците имаат уставно и легитимно право да го изразат својот став, а им беше оневозможено правото на присуство на протестот, преку притисоците од директорите и заклучените порти на училиштата – изјави Дамјан Манчевски.

Тој прашува дали вратите во средните училишта биле заклучени по наредба на градоначалникот Коце Трајановски.

– СДСМ е целосно против концептот за екстерно тестирање во високото, средното и во основното образование. СДСМ екстерното тестирање ќе го укине – вели Манчевски.