Дописници Самостојна изложба на Мирослава Микица Трујкановиќ во Прилеп

Самостојна изложба на Мирослава Микица Трујкановиќ во Прилеп

Во галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп, в четврток, 28 мај, со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на авторката Мирослава Микица Трујкановиќ.

Таа пред прилепчани ќе се претстави со 15 дела со поголеми димензии во комбинирана техника. Повеќето од нејзините дела се принт на платно со уметнички интервенции.

Трујкановиќ вторпат се претставува во Прилеп и вели дека многу се радува што при нејзината втора средба со љубителите на уметноста, ќе се претстави со сосема поинакви дела од претходниот пат.