Култура Самостојна изложба на Маја Атанасова Хрис во Штип

Самостојна изложба на Маја Атанасова Хрис во Штип

Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, на 23 декември, во вторник, во 19 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Маја Анастасова Хрис, на која ќе бидат претставени 50 дела од најновиот творечки циклус на авторката, насловен „Магичен круг“.

Маја Анастасова Хрис е родена 1983 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2006 година, а во 2009 година завршила постдипломски студии на истиот Факултет, на графичкиот оддел. Учествувала на неколку ликовни колонии и на бројни интернационални групни изложби. Ова е нејзина осма самостојна изложба. Живее и работи во Амстердам, Холандија.