Видео Сакал да снима езерски риби, а начекал пијавици

Сакал да снима езерски риби, а начекал пијавици

На видеосервисот „Јутјуб“ пред неколку дена се појави снимка која згрози многумина, особено оние кои неверојатно се плашат од пијавици. Снимателот сакал да сними риби, но непријатно се изненадил.

Снимката во Грин Беј, Висконсин, ја направил Соломон Дејвид. Тој ја поставил камерата под вода за да сними риби, но се шокирал кога видел дека пијавици ја зазеле оваа област.

Илјадници пијавици пливале под вода, а Соломон вели дека ова е првпат во оваа област да здогледа пијавици и претпоставува дека нивниот број ќе се зголемува како што ќе се загрева водата.