Култура Саити, Танскова и Грозданов, добитници на наградата „Мито Хаџи-Василев Јасмин”

Саити, Танскова и Грозданов, добитници на наградата „Мито Хаџи-Василев Јасмин”

Годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ во областа на новинарството се Мирела Саити и Фиданка Танскова.

Борче Грозданов, новинар во весникот „Вечер“, пак, ја доби наградата во областа на публицистиката. Грозданов е автор на збирката театарски рецензии „На(д) сцената 2“, а тој е и коавтор на монографијата „Чекори под ѕвездените штици“, посветена на 50-годишнината на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица (1949/1999).

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2014 година (недела), во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.