Свет САД уништиле 800 милиони долари на Исламска држава

САД уништиле 800 милиони долари на Исламска држава

Американскиот генерал мајор Питер Герстен објави дека во воздушните напади во Сирија уништени биле 800 милиони долари во кеш, кои биле сопственост на Исламска држава.

„Би-би-си“ наведува дека Герстен, кој се наоѓа во Багдад, изјавил дека САД повеќепати на мета ги имале складиштата со пари на Исламска држава.

– Овој удар на нејзиното финансирање придонесува за зголемување на дезертерството за 90 отсто и за намалување на доаѓањето на нови борци – тврди Герстен.

Американското министерство за финансии во 2014 година ја нарече Исламска држава „најдобро финансирана терористичка организација“.