Свет Свет САД: Огромни поплави во Јужна Каролина

САД: Огромни поплави во Јужна Каролина

Гувернерот на Јужна Каролина, Ники Хејли, соопшти дека оваа сојузна американска држава ги доживеала најсилните дождови во последните илјада години и оти како последица на поплавите, загинале шест лица.

Училиштата во оваа сојузна американска држава денеска нема да работат, а неколку меѓудржавни автопатишта ќе бидат затворени за сообраќај.

Ураганот Јоакин предизвика поројни дождови во Јужна Каролина.

Не се очекува невремето да го погоди источниот брег, но влагата која е поврзана со невремето придонесува за зголемени врнежи од дожд.

Хејли апелираше граѓаните да не ги напуштаат своите домови и предупреди дека водата е длабока, опасна и полна со бактерии.

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Јужна Каролина. Локалните власти очекуваат федерална помош во борбата со поплавите.