Свет САД нема да ги координира своите операции во Сирија со Русија

САД нема да ги координира своите операции во Сирија со Русија

САД нема да ги координира своите операции во Сирија со Русија сè додека Москва го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад и не ја гарантира безбедноста на американските пилоти ангажирани на тоа подрачје, соопшти портпаролката на Министерството за одбрана за американската војска, потполковникот Мишел Балданза.

Москва на 30 септември почна прецизни воздушни напади на цели на Исламска држава во Сирија, откако Асад побара Русија да се вклучи во решавањето на судирот.

Коалицијата под водство на САД, минатата година почна бомбардирање на позиции на ИД.

Вашингтон ја обвини Москва дека ја поддржува сириската администрација на чело со Асад и дека ги напаѓа опозициските сили, наместо позициите на милитантите на ИД.