Македонија СЈО: Јанева достави полномоштво за да се предадат предметите до Јавното обвинителство

СЈО: Јанева достави полномоштво за да се предадат предметите до Јавното обвинителство

Во текот на вчерашниот ден до СЈО стигнало полномоштво од Катица Јанева со кое обвинителите се овластуваат да ги предадат на Јавното обвинителство предметите кои се водат во СЈО и тоа кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

„Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“, се вели во соопштението на СЈО.